| четврток, 6 декември 2018 |

Малала сака да стане премиер на Пакистан

малала

Малала Јусафзаи, тинејџерката од Пакистан која заедно со Индиецот Каилаш Сатиарти е годинешна добитничка на Нобеловата награда за мир, изјави дека би сакала својата кариера да ја продолжи во политиката.

Во интервју за „Би-Би-Си“, пред врачувањњето на наградата, таа рече дека има намера да се вклучи во домашната политика, кога целосно ќе го заврши школувањето во Велика Британија, како и дека има аспирации да биде и премиер на Пакистан.

– Сакам да работам за да ѝ помогнам на мојата земја, за која сонувам еден ден да стане развиена држава во која секое дете ќе може да се образува – изјави Малала.

Младата нобеловка признава дека е инспирирана од пакистанската политичарка Бенизар Буто, која на два пати беше премиер на својата земја, но беше убиена во 2007 година во текот на предизборната кампања по која се надеваше дека и трет пат ќе ја предводи владата на Пакистан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top