
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека договорил средба со рускиот шеф на државата Владимир Путин. Според него, средбата ќе се случи за време на самитот на Г20 што ќе се одржи во септември во Кина.
- Имав телефонски разговор со претседателот на Русија. уверен сум дека разговорот беше многу корисен. Се договоривме да се вратиме на нашите односи на претходно ниво и решивме да одржиме сестрани разговори во септември во рамките на Г20 во Кина – рекол Ердоган.
Турскиот претседател додал дека тој и Путин им наложиле на министрите за надворешни работи да разговараат за сите аспекти по тоа прашање за време на состанокот на маргините на самитот на Организацијата за црноморска економска соработка што ќе се одржи на 1 јули во Сочи.
Прес-секректарот на претседателот на Русија на прашање за можна средба на лидерите на двете држави на самитот Г20 во Кина не дал директен одговор.
- Местото и времето ќе бидат договорени по дипломатски канали – рекол порпаролот Дмитриј Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Ердоган и Бојко Борисов ја отворија „Железната црква“ во Истанбул
-
Обезбедувањето експресно реагираше: Maж се качи на бината и го фати Ердоган за рацете (видео)
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)


