Од 1 јули 2016 година ќе започне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период кој ќе трае до 31 август на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Временските интервали се следни:
петок: 17:00 – 22:00 часот,
сабота: 09:00 – 18:00 часот, и
недела: 09:00 – 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Од 1 јули до 1 септември 2016 ќе се применува времен режим на сообраќај на магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Временските интервали се следни:
петок: 15:00 – 22:00 часот,
сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и
недела: 07:00 – 22:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.