Велика Британија почна да го следи примерот на Финска и на новите мајки бесплатно да им дели „кутии за бебе“. Целта е да се намали смртноста на новороденчињата поради колеквите.
Кутиите не се обични, имааш душек, непропустлив покривач, постелина од памук и основни работи за бебето. Кутијата е дизајнирана за биде првиот сигурен кревет на бебето кој може да го користи до осум месеци.
За почеток, кутиите ќе се делат во лондонските болници.
Овие кутии во Финска беа претставени во 1930 година кога сметноста на бебињата била предизвикана од креветчињата кои биле високи. По потребата на овие кутии смртноста драстично се намалила и до 65 на илјада бебиња, паднала на 2,26.
Велика Британија има една од највисоките стапки на смртност на новороденчиња во Европа и се наоѓа од 22. место од 50 рангирани.
Кутијата го спречува вртењето на стомак што експертите сметаат дека е најчеста причина за смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.