Секоја диета подразбира одрекување од одреден вид храна, посебно калоричните јаглехидрати и масти кои најмногу дебелеат. Но, има среќна вест! Има период кога може да јадете се, а да не го расипете процесот на слабеење.
Од печица, тестенини, сладолед и путер не мора да се одвикнете во потполност ако сте на диета. Постои одредено време кога може да се почестите со омилената храна. Само внимавајте да не „згрешите“ секој ден.
Најдобро време за јадење јаглехидрати е за појадок, а мастите може да ги јадете во 10 наутро. Така организмот има повеќе од доволно време да ги потроши внесените калории.
Појадокот мора да го јадете еден час откако ќе се разбудите во одреден дел од денот. Ручекот четири и пол часа подоцна, а по неколку часа и вечерата.
Вечерата нека биде најмалку три часа пред спиење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.