| четврток, 6 декември 2018 |

Бурен аплауз за куклениот театар од Полска на „Битола Шекспир фестивал“ (галерија)

Со бурен аплуауз беше наградена претставата „Монтекти и Капулети “ на Куклениот театар од Бјалисток, Полска, кои синоќа на сцената на Народниот театар Битола настапија во рамките на четвртото издание на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“.
IMG_4142
IMG_4140
Претставата која е во режија на Руслан Кудашов презенираше поразлична естетика и специфично уметничко видување на култното дело за љубовта на Ромео и Јулија на Вилијам Шекспир.
IMG_4127
IMG_4123
IMG_4119
Денеска на фестивалската програма е предвидена театарска работилица која ќе ја одржат гостите од Полска, а исто така ќе биде и промовирана книгата „Puppets panopticum-panopticum Shakespeare“ подготвена во 3Д-технологија.
IMG_4116
IMG_4075
IMG_4109
На фестивалскиот репертоар, на сцената на Народниот театар во Битола, вечерва е уште еден настап на Куклениот театар од Бјалисток, Полска, овој пат со претставата „Хроника на принцот Х.“, во адаптација и режија на Јацек Малиновски.
IMG_4059
IMG_4000

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top