| четврток, 6 декември 2018 |

Децата едвај дочекаа да ми го видат грбот – Цеца се врати од Кипар

цеца

Цеца Ражнатовиќ помина две недели на Кипар каде заедно со ќерката Анастасија и синот Вељко уживаше во семејната вила.

Фолк ѕвездата стигна во понеделник рано наутро на белградскиот аеродром поради бројните работни обврски,

-Покрај последната емисисја на Пинкови ѕвезди, на која посебно и се радувам, бидејќи едвај чекам да видам кој ќе победи, ме очекува и промоција на новите песни-  рекла Цеца.

Нејзините деца го продолжиле престојот во Аја Напа и сега уживаат бидејќи нема кој да ги надгледува.

-Анастасија и Вељко останаа со пријателите. Ете едвај дочекаа да ми го видат грбот. Се решија од мене. Сега кај нив е „Да живее слободата“. Да бидам искрена, да немав работни обврски се уште ќе бев на Кипар и немаше да ми го видат грбот – се пошегувала фолк ѕвездата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top