Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, помина долг пат од остра критика до закопување на воените секири. На општо изненадување, за само три дена му се извини на рускиот претседател Владимир Путин, а малку пред тоа ги измазни односите со Израел и, конечно, потпиша примирје.
Историски чекор – подадена рака кон Израел
Длабоката криза во односите меѓу Турција и Израел, која траеше полни шест години, конечно, е прекината во неделата кога турскиот претседател Ердоган и премиерот Нетанјаху потпишаа договор за приближување на обновувањето на дипломатските односи.
#Turkey #Israel normalized/Erdogan once said
ending Gaza blockade;precondition for that. Netanyahu: blockade goes on pic.twitter.com/oc6HyvcmUU— mehdi abbasi (@mehdiamoli1) June 27, 2016
Иствремено турскиот премиер Бинали Јилдирим во Анкара, објавувајќи го постигнувањето на договорот, потврди дека Израел прифатил да им плати 20 милиони долари отштета на ужалените семејства на убиените и на повредените во акциите на израелските командоси.
Тоа беше првиот чекор што го направи Турција за да се отвори кон светот.
Путин, извини!
Турскиот претседател реши да остане во помирувачки манир и еден ден по постигнувањето на договорот со Израел му напиша писмо на рускиот претседател Влдимир Путин, во кое се извинува за соборувањето на рускиот авион кон крајот на минатата година и дека длабоко жали за смртта на рускиот пилот кој беше убиен на земја.
Овој потег на Ердоган никој не го очекуваше, па затоа сите со полно право прашуваат што го наведе да се извини.
Секако, клучото прашање е зошто.
Првиот одговор на ова прашање и оној кој е најмалку веројатен е дека Ердоган ја сфатил гпрешката и решил да ја признае вината на Турција за соборувањето на рускиот „сухој“. Имајќи предвид дека пред шест месеци изјави дека Русија треба да ѝ се извини на Турција зашто испраќа авиони на незјината граница и дека не му паѓа на памет да се извини за соборувањето на авионот и за смртта на пилотот Пешков, поголема веројатност има дека помирливите тонови се од друга природа.
По „воената победа“ по соборувањето на авионот, сега кога легна правта, проблемите на Турција се повеќе од видливи. Турција кратко јаваше на бранот на несогласувањата меѓу ЕУ и Москва, но не успеа да пронајде прави сојузници во таа ситуација, пред сѐ затоа шти и самата има лоши односи со Бриесел.
Парите не се проблем, пари нема
Прашањето на емигрантите и нивното задржување во Турција, дефинитивно, е проблем број еден на Анкара. Освен тоа, ЕУ во преговорите со Турција го прави она што најдобро го знае – одложува. И покрај тоа што за 30 јуни е закажана Меѓународна конференција на која ќе треба да се разговара за влезот на Турција во ЕУ, некако се стекнува впечаток дека Европа не ја сака Турција во ЕУ, што направи Анкара да се почувствува изневерено.
Касата брзо фати пајажина кога милиони туристи ја пречкртаа Турција на мапата летни дестинации.
Втората причина е секако економска. Руските туристи не распостилаат крпи на турските плажи, а исто така Русија воведе санкции на извоз на турски земјоделски производи и ја стопира мултимилијардската зделка за изградба на нуклеарната централа на југот на Турција. Како последна, а можеби и најболна контрамерка што ја воведе Русија е стопирањето на „Турскиот тек“.
Израел како посредник?
Имајќи предвид дека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, неодамна беше во посета на Москва, а потоа следуваше помирувањето, може да се претпостави дека една од темите на разговор меѓу него и Путин била токму Турција. Иако многумина ќе помислат дека тоа, пред сѐ, е политичка победа на Москва, што не е неточно, сликата е многу поширока: тоа е победа на целиот регион, кој единствено може да напредува кога соработуваат силите.
Ова е масло на САД?
Зошто на Турција ѝ требаше толку време е прашање кое се наметнува со истото право како и претходното. Извори запознаени со односите во турскиот врв, уверени се дека поранешниот премиер Ахмет Давутоглу спречувал каков било обид за помирување со Русија. Но, Ердоган се ослободи од него во меѓувреме и на негово место постави свој човек, Јилдирим.
Тоа што оваа турска иницијатива се појави во времето кога се нормализираат односите на Турција и Израел, отвори уште еден смнеж, дека нормализацијата е поттикната од САД. Дали може со сериозност да се каже дека ова е масло на САД зависи од тоа за кои кругови во САД се работи – на едни им одговара расколот меѓу Турција и Русија зашто долго време ги мачеше приближувањето на Ердоган и Путин, а на други, владејачките кругови во САД, кои се и порационални во размислувањата, воопшто не им одговара зашто многу добро сфаќаат колкава опасност се заканува од распадот на руско-турскиот сојуз. Поради соборувањето на рускиот воен авион, за малку ќе дојдеше до војна меѓу Русија и Турција, а тоа значи војна меѓу Русија и НАТО, а тоа пак е еднакво на глобална катастрофа.
Актуелната ситуација ја коментира и професорот по меѓународно право на Универзитетот „Џорџтаун“, Дауд Каирала, кој истакнува дека турското извинување е добра работа и дека сега навистина е важно Анкара да биде доследна на изјавите.
-Ова е позитивен чекор. Можеме да се надеваме дека турското извинување ќе придонесе за мир во регионот имајќи предвид дека Турција ги поттикнуваше војните во Сирија и Ирак, озовможувајќи им на терористите од целиот свет влез во овие земји – вели Каирала и додава дека Ердоган ги увидел грешките што ги направил со војната во Сирија, сфатил дека користењето тероризам за политички цели многу скапо ја чини Турција.
-Сега се обидува да ги поправи урнатите огради зашто, конечно, сфати дека не може да се изолира од остатокот од светот – заклучува тој.
Зошто токму сега – постојат повеќе теории, а една од нив е онаа која се однесува на состојбата во Сирија и претпоставките дека терористите можат да ја добијат оваа војна. Но, може ли да се шпекулира дека некои други настани го забрзаа руско-турското помирување. „Брегзит“, на пример? Јасно е дека со „Брегзит“ почна големо прераспоредување на силите, што вклучува и обнова на односите меѓу „остатокот на ЕУ“ и Русија. За тоа е свесен и Ердоган и затоа не сака да заврши на погрешната страна.
На крајот, која и да е причината. обновувањето на односите меѓу Турција и Русија е добра вест зашто ќе влијае смирувачки на регионот. Приоритет е да се запре деструктивната политика кон Сирија, а ова може да биде добар почеток на тој процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Северноирски политичар: Договорот за Брегзит може да го подели Обединетото Кралство