„Не успеавме да заиграме уште едно оро заедничко, те сакаме бабо, остана да ти го чуваме дедо. Почивај во мир љубов бескрајна“, гласи коментарот на близнакот од „Некст тајм“, Мартин, кој на социјалните мрежи со емотивен статус се прости од својата баба.
Покрај тажниот коментар тој сподели и фотографија од денот на свадбата на неговиот постар брат Филип, која се случи неодамна, а на неа е во друштво на мајка си и на баба си.
Искрено сочувство до семејството Филиповски!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.