| четврток, 6 декември 2018 |

Турција и Израел го потпишаа договорот за нормализирање на односите

Turkey-Israel

Турција и Израел денеска го потпишаа договорот за нормализирање на меѓусебните односи.

Текстот на договорот од турска страна беше потпишан од Феридун Синирлиоглу, заменик министер за надворешни работи. Во Израел документот го потпиша генералниот директор на израелското МНР Доре Голд, јавија турски медиуми.

Договорот за да стапи во сила треба да биде прифатен од Парламентот и ратификуван од претседателот.

Односите меѓу двете земји беа прекинати пред шест години кога израелски специјалци убија десет турски активисти на брод што пренесуваше хуманитарна помош за Појасот Газа.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера истакна дека двете земји што е можно поскоро ќе разменат амбасадори по шестгодишниот прекин на меѓусебните врски.

Израел се согласил да им плати отштета од 20 милиони евра на семејствата на убиените и повредените. Согласно договорот, Турција ќе испрати и хуманитарна помош и други невоени продукти во Газа, а првата испорака од 10.000 тони помош ќе биде доставена следниот петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top