| четврток, 6 декември 2018 |

Можен е нов референдум во Британија, но под еден услов

brexit-vote-june-23

Британскиот министер за здравје Џереми Хант тврди дека Велика Британија може да одржи референдум за членство во Европската унија ако постигне договор со ЕУ со кој би и се дозволила целосна контрола на своите граници по прашање на мигрантите, наведува Ројтерс.

Ројтерс пренесува дека Хант ова го напишал во писмо кое вчера е објавено во британскиот Дејли телеграф.

Според Хант, британскиот премиер кој ќе го наследи Дејвид Камерон треба да добие шанса да преговара со Брисел пред Британија да го предаде известувањето за напуштање на ЕУ во рок од две години за да и се понуди на британската јавност било каков договор за миграција.

  • Значи, пред да почне часовникот да отчукува, треба да се испреговараме договор и да го понудиме на британскиот народ, било на референдум било преку манифест на Конзервативната партија на новите парламентарни избори, наведува Хант.

Британските медиуми шпекулираат и дека Хант најверојатно ќе се кандидира за наследник на Камерон на премиерската функција. За оваа позиција заинтересиран е и министерот за работа и пензија Стивен Креб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top