Аква парк во Северна Каролина е затворен откако 18 годишната Лорен Сајц починала поради тоа што во организамот внела амеба која го јаде мозокот.
„Првите резултати покажаа дека оваа опасна амеба е присутна во водата. Аква паркот е веднаш затворен“, изјавиле официјалните лица кои додале дека водата е испитана дури 11 пати. Родителите на несреќното девојче се очајни.
„Срцето ни е скршено, изгубени сме без нашата Лорен. Не можеме да прифатиме дека нашето девојче кое толку го сакаше животот и природата да умре на ваков начин“, изјавил таткото Џејмс.
Овој тип на амеба може да се најде во текот на летото во слатките води. Го напаѓа мозокот во рок од 9 дена, а во 97 проценти од заразените завршуваат трагично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.