Голема грешка е за време на високите летни температури да се пие многу ладна вода или сокови со лед, затоа што во таа температура на течностите им треба повеќе време да се рашират низ телото и да го хидрираат. Затоа, како што препорачуваат стручњаците, во лето најдобро е да се пие вода која е со просечна собна температура, затоа што така телото од неа најбрзо ќе има корист. Секако, водата е и подобар избор за разладување од соковите кои имаат многу шеќер.
Дури ако пиете ладна вода веднаш по оброкот, постои можност да настинете иако надвор е топло. Кога ќе стекнете навика да пиете умерено ладна вода, ќе забележите значително подобрување на варењето на храната, метаболизмот и функцијата на дигестивниот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.