Подолга економска криза проголта голем дел од бизнисите, но остави простор и за цветање на нови „мали бизниси“.
Меѓу нив в регионот најисплатливо се покажа продажба на половни автомобили. Трговците со нови автомобили кубат коси бидејќи нивните колеги со половни возила тријат рацете. Пазарот на половни автомобили никогаш не бил на повисоко ниво. Посебно профитираат оние кои имаат квалитетен деловен модел.
Вториот брзорастечки бизннис е откп на злато. Растот на цената на златото на светските берзи е иста и кај нас, но поради несреденост на пазарот, сепак цените се малку помали во однос на Австрија и Италија. На тој начин поедини претприемачи заработија милиони.
Третата опција е можеби најочигледна- пекарскиот бизнис. Експанзијата на пекари се уште не е дојдена до крајот. Нивниот успех доаѓа како резултат на рецесијата во која луѓето се ориентираа кон поевтин оброк, отколку на ручек во ресторан, но и на се побогатата понуда.
На четврто место е бизнис кој повеќе доликува на одредена специфична група- Консултанти за фондовите на ЕУ во земјите кои се уште не се членки. Тие се барани заради можноста за повлекување на милијарди евра годишно од ЕУ фондовите. Надокнадите за советодавни услуги се разни. Поедини земаат до два проценти провизија од одобрените средства, додека кај некои тој процент се искачува и до осум проценти.
Без ќар од туризмот не поминува ни оваа листа. Помалиот брат на хотелиерството- бизнисот со хостелите е петти. Кај хостелите е примамливо тоа што бараат многу малку вложување, а донесуваат солидна заработка. Меѓутоа, голема е конкуренцијата и луѓето од таа област велат дека нема многу простор на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митровски: Државата овозможува мултимилионски бизнис со канабис, а граѓаните ги гони како криминалци
-
Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна
-
Нова криза на Балканот: Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
-
Си направи бизнис со џимиринки: Со влог од 500€ заработува милиони


