Терезија Мора, една од најнаградуваните современи германски авторки, ќе гостува во Скопје и во Тетово. Нејзиниот роман Сеништето, за која ја доби најпрестижната Германска награда за книги, тукушто излезе од печат во едицијата „Контемпоранеа“ на Готен, во превод на Ива Фиданчева. Во рамките на промотивното гостување во земјата, Терезија Мора ќе настапи на ново востановениот Скопски книжевен фестивал Друга приказна, на 29 јуни. Во Тетово, романот Сеништето ќе биде претставен на 28 јуни, во Центарот за балканска соработка, Лоја. Промотивна реч за авторката ќе одржи проф. Д-р Елизабета Шелева. На 27 јуни, во книжарницата Или-или Терезија Мора ќе има средба со читателите и потпишување на книгата. Гостувањето на Терезија Мора и преводот на Сеништето е дел од проектот „Подлабока Европа, поширок опсег“ што издавачката куќа Готен го реализира преку програмата Креативна Европа на Европската унија.
Терезија Мора е родена во 1971 година во Сопрон, Унгарија. Но по политичките промени во Унгарија во 1990 година се преселила во Германија. Студирала Унгарски студии и драма на Универзитетот Хумболт во Берлин, а се стекнала и со диплома како сценарист на академијата на Дојче филм и Фернсеха. Од 1998 година живее во Берлин, како писател и преведувач. Ги им напишано следните книги: Чудно прашање, Единствениот човек на континентот, Катаден и Сеништето. За своите дела ги има добиено најпрестижните германски награди меѓу кои и наградата Ингеборг Бахман и Аделберт Фон Шамисо. Преведена е на многу јазици. Нејзинииот превод на Петер Естерхази на германски ја доби наградата за превод на Северна Рајна Вестфалија.
Сеништето е стилистички брилијантен авантуристички роман, што воедно е и тажен помен по мртвата сакана, во што заличува на старите жанрови. Книгата зборува за патувањето што еден неутешен вдовец го прави по мистериозната смрт на својата сопруга. Тој решава да ги посети земјите на Источна Европа од кои потекнува неговата сопруга, истовремено откривајќи ги нејзините дневнички записи, натежнати од сознанието за неизлечивата болест. Мора во наративно лабава форма ги комбинира двете нарации, на брачниот пар. Од една страна, воодушевувањето со природата, луѓето, новите краишта, од друга страна психодрамата на очајот, тагата, осаменоста, кобноста. Сленгот се меша со епските пејзажи, а лирските состојби со суров психологизам.
Тоа е долга книга полна со различни пасажи, со различни подзаплети, со многу маестрално скицирани ликови, една прекрасна морбидна сатира, еден пикарски роман, што не може да се спореди со ништо слично во германската литература. Никој со толкава суптилност ги нема осенчано нијансите помеѓу неспокојот и паниката на две блиски, а сепак туѓи на себеси, човечки суштества.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Власта на шверцерски начин создаде манипулативно референдумско прашање
-
Југословенско драмско позориште гостува во МНТ со претставата „Ајнштајновите соништа“
-
Во МНТ гостува претставата „Царство небеско – епика балканика“
-
Сала Симука, писателка од Финска: Луѓето кои читаат книги се луѓе кои размислуваат за нештата!