| четврток, 6 декември 2018 |

35.000 бегалци од Грција ќе бидат преместени во ЕУ

Од 49.000 мигранти и бегалци кои во моментов се наоѓаат во кампови во континенталниот дел на Грција, 35.000 би требало да бидат разместени во други европски држави во следните две години, дознава „Катимерини“.

Според весникот до крајот на јули треба да заврши т.н. процес за претходна регистрација, кој го спроведуваат Службата за азил во соработка со УНХЦР и Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕКПА).

Со програмата се опфтени лица кои влегле во земјата од 1 јануари 2015 до 19 март годинава, кои ќе почнат процес за добивање на азил во Грција и ќе добијат пристап до шемата на ЕУ за преместување. Поединците кои ќе ја заобиколат постапката, ќе се сметаат за илегалци и ќе бидат депортирани.

Ситуацијата е поинаква за околу 8.556 мигранти и бегалци заглавени на островите, најмногу на Лезбос, Самос, Хиос, Лерос и Кос. Тие пристигнале по 19 март, откако беше потпишан договорот за миграција меѓу ЕУ и Анкара, а властите во моментов ги испитуваат нивните барања за азил.

Кандидатите кои успешно ќе ја завршат постапката ќе бидат префрлени на грчкото копно, но нема да имаат пристап до програмата за релокација. Остатанатите ќе бидат вратени во Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top