| четврток, 6 декември 2018 |

Прекина штрајкот во солунското пристаниште

solunsko pristanisteПрекинат е штрајкот на вработените во солунското пристаниште. Федерацијата на вработени во пристаништата во Солун и во Пиреја вчера вечерта постигна договор со Министерството за поморство со коj ќе се гарантираат работните места и колективните права при приватизацијата на двете пристаништа. Со постигнатиот договор беше одлучено да се прекине штрајкот кој создаде дополнителен удар за грчките и странските компании непосредно по двомесечната блокада на железничката линија од Солун кон Скопје.

Вработените се согласија да се прекине штрајкот само неколку часа откако 50 стопански комори од северна Грција поднесоа тужба до судот во Пиреја со барање штрајкот на солунското пристаниште да се прогласи за нелегален и да се стави крај на блокадата која создава огромни штети за грчките компании.

pirea pristanisteПроценките се дека до сега блокадата ги чини извозниците над 40 милиони евра и тоа само за транспортот преку други пристаништа. Штетата од дополнителните трошоци за транспорт и губењето на нарачки е десетици милијарди евра.

Сепак она што значително предизвикало штета на пристаништето била одлуката на голем број компании воопшто да не ги користат услугите на Солун и да се упатат кон пристаништата во Бугарија или Турција.

За приватизацијата на солунското пристаниште се очекува понуда за инвестиција од 220 милиони евра за модернизација на инфраструктурата и работата на пристаништето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top