Над 200 локации ќе бидат достапни за изградба на куќи за проектот „Купи куќа за млади“ во општина Дојран, најави денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Според него, до крај на оваа година се очекува планот да биде изработен и да се прецизираат парцелите за продажба кои би почнале да се продаваат преку јавно наддавање во текот на идната година.
Со изработка на урбанистичките планови од страна на Министерството за транспорт и врски, ќе се овозможат голем број локации за изградба на куќи за млади, како и за викенд куќи, за што, исто така, има интерес, истакна градоначалникот на општина Дојран.
Во меѓувреме во завршна фаза е изградбата на регионалниот пат Дојран-Николиќ, инвестиција од над еден милион евра. Според најавите, се очекува до крајот на август, патот компелтно да биде завршен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.