| четврток, 6 декември 2018 |

Миноски: Со ребалансот дополнителни инвестиции за Коридор 10 и гасификација

Ребалансот на буџетот ќе обезбеди дополнителни капитални инвестиции во инфраструктурата. Парите ќе бидат наменети за автопатот Демир Капија –Смоквица и за гасификација – вели министерот за финансии Кирил Миноски. За Националниот гасификационен систем.

Ребалансот на буџетот ќе обезбеди дополнителни капитални инвестиции во инфраструктурата. Парите ќе бидат наменети за автопатот Демир Капија –Смоквица и за гасификација – вели министерот за финансии Кирил Миноски. За Националниот гасификационен систем се предвидени 17, 3 милиони евра годинава или скоро два и пол милиони евра повеќе од првично предвиденото. Првиот финансиер  тврди дека ниту еден капитален проект нема да се прекине, туку само ќе се промени динамиката на реализација.

Министерот Миноски истакна дека полугодишната ревизија на буџетот е редовна активност која се реализира во светските економии, а двата обиди за распишување на избори влијаеле врз динамиката на реализација на капиталните проекти, бидејќи согласно законите во предизборен период не се вршат јавни набавки. Според него позитивно е тоа што приходите за првите 5 месеци биле поголеми за 4.4% споредено со истиот период лани.
Со ребалансот се предвидува забавување на финансирањето на неколку инфраструктурни проекти, но и повеќе пари за регионален и рурален развој, за инструментот за претпристапна помош ИПА 2, за спортски сали во основните  и средни училишта, за поголема конкурентност во туризмот, за Фондот за иновации, како и за набавка на медицинска опрема за ЈЗУ.
Миноски посочува дека буџетскиот дефицит може да се покрива од домашни и странски извори. Издавањето на еврообврзница треба да обезбеди средства во Буџетот кои ќе ја зголемат ликвидноста и ќе ослободат дополнителни средства во банкарскиот сектор кои би се искористиле за кредитирање на стопанството – вели министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top