| четврток, 6 декември 2018 |

15 тела пронајдени во Нигерија

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ

Нигериската полиција пронајде најмалку 15 тела во река во југоисточната држава Анамбра. Локалните медиуми објавија дека бројот на труповите во реката е поголем, меѓу 30 и 40, но засега не е познато како тие настрадале.
Комесар на локалната полиција изјави дека истрагата во врска со овој мистериозен случај е во тек. На местото на инцидентот се наоѓаат бројни претставници на полицијата, кои наведуваат дека досега не добиле информации за етнички судири во оваа област.
nigerija

nigerija-04

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top