Во тек е евакуација на трговски центар во Софија, поради телефонска дојава за поставена бомба, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
Информацијата ја доставил анонимен маж, кусо пред 14 часот по локално време.
Поради дојавата посетителите и вработените во трговскиот центар се изнесуваат од зградата, додаде Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


