Британските приврзаници на евроинтеграцијата собраа над 1,6 милиони потписи на онлајн петиција, со која се бара од пратениците да ја разгледаат можноста за нов референдум за членство на Обединетото кралство во ЕУ.
– Ние, долупотпишаните, бараме од Владата да го спроведе правилото, според кое, ако гласачите за или против (членството во ЕУ) се помалку од 60 отсто, а излезноста е под 75 отсто, тогаш треба да се организира нов референдум, се наведува во текстот на петицијата.
Поради масовната посетеност на интернет корисниците, работата на сајтот на британскиот Парламент, каде е регистрирана петицијата, времено беше блокирана.
Според британскиот закон, за разгледување на петиција во Парламентот се неопходни 100.000 потписи, така што пратениците можат да го разгледаат барањето следната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.