| четврток, 6 декември 2018 |

Сомалија: Самоубиствен бомбашки напад врз хотел во Могадишу

Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени во самоубиствен бомбашки напад врз хотел во центарот на сомалискиот главен град Могадишу, откако претходно во зградата влегле борци на исламистичката група „Ал Шабаб“, соопшти полицијата.
По експлозијата се слушнале и истрели. На местото на инцидентот веднаш се испратени медицински екипи.
– Ние го нападнавме хотелот, кој е често посетуван од членови на Владата, изјави портпаролот на „Ал Шабаб“ за воени операции, шеик Абдиазис Абу Мусаб, додавајќи дека борците на групата се наоѓале внатре во хотелот.
Исламистичката група често извршува напади во Могадишу, обидувајќи се да ја собори Владата, која е поддржана од Западот.
– Меѓу жртвите има цивили и припадници на хотелското обезбедување, истакна полицискиот началник Али Хасан.
Очевидец тврди дека напаѓачите неконтролирано пукале врз гостите на хотелот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top