Интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“ по синоќешниот настап на актерите од Србија кои ја изведоа претставата „Перикле“, продолжува со изведба на две исклучителни претстави кои го негуваат безвременото творештво на Вилијам Шекспир.
Вечер на сцената на Народниот театар во Битола ќе биде изведена претставата на Турскиот театар од Скопје, „Комедија на грешки“ во режија на Коле Ангеловски.
– Станува збор за забавна и позитивна комедија и длабоко се надеваме дека ќе уживате додека ја гледате, како што ние уживавме додека ја работевме, истакна режисерот Коле Ангеловски во пресрет на вечерашниот настап на катерите од Турскиот театар-Скопје.
Утревечер, во Народниот театар во Битола, на фестивалскиот репертоар е претставата „Кориолан“ во изведба на ансамблот „Хамошавот“ од Зихрон-Јахов, Израел.
– Претставата е во режија на Итаи Дорон, а на интернационалниот театарски фестивал Акко/Акре во Израел беше наградена со три високи признанија, и тоа за најдобра претстава, најдобар актер и најдобра актерка, информираат од фестивалскиот прес центар.
„Битола Шекспир фестивал“ кој се одржува со поддршка на Министерството за култура, од годинава е полноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва почнува „Битола Шекспир Фестивал“: Претставата „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“ го отвора фестивалот
-
Александар Аладишев, руски актер: Театарот е универзален јазик
-
Со музичко-сценски „Шекспир колаж“ почна „Битола Шекспир фестивал“
-
Валентин Светозарев: Битола Шекспир фестивал ја промени репертоарната политика на нашите театари