Три ипол месеци пред време се почна со реализација на изградба на 20 фитнес зони кои се практично теретани на отворено, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пред партискиот подмладок, говорејќи за постигнатото во делот на спортот.
-Оваа недела веќе се започна со оградување на локациите по што почнува градбата во општините Кочани, Велес и Штип, а наредни се Ресен и Гевгелија . Вредноста на целиот проект е 40 милиони денари.
Што се однесува до изградба на 150 игралишта за баскет низ целата држава и изградба на скејт паркови во Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово, и Куманово во тек е тендерска постапка за избор на проектантска куќа за изработка на основен проект. Општините доставуваат предлог локации, а тендерот за избор на изведувач ќе биде во септември, по чие завршување ќе се почне со градба.
Се превземаат активности и за изградба на отворен пливачки базен во Шуто Оризари- во моментов се изработува проектот. Тендерирањето за избор на изведувач ќе биде готово во август, а почеток на градба во октомври или ноември 2016 година. А исто така се работи и на подготвителни активности за затворена високо професионална со сите стандарди гимнастичка сала и затворена тениска арена со три тениски терени во Спортскиот центар Борис Трајковски, чии ДУП очекуваме општина Карпош да го усвои во јули, а градбата да почне во првата половина на следната 2017та година.Една година подоцна се планира да почне и градбата на отворениот пливачки базен во СЦ Борис Трајковски- посочи Груевски пред годишното собрание на УМС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер