Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија ја урниса вредноста на британскиот пасош, пренесува весникот Индепендент.
Пред референдумот, тој пасош беше меѓу 11-те најпосакувани на светот, а сега се очекува пад од 30 позиции. Ако до денеска пред британскиот, беа патните исправи на Германија, Шведска и Данска, сега пред него се и пасошите од Португалија, Словенија, Грција и Бугарија.
Индексот на вредноста на пасошите е направен според економската моќ и стабнилноста на државите, како и можноста да се патува без виза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.