| четврток, 6 декември 2018 |

Попоски: Македонија загуби поддржувач во процесот на проширување на ЕУ

Nikola-Poposki-int145-2Одлуката на Британците за излез од европското семејство треба да се почитува бидејќи се работи за одлука единствено на британските гласачи и даночни обврзници, вели шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во изјава за „Телеграф.мк“.

– За Европската Унија таквото сценарио значи загуба на значајна членка, а за Балканот и за Македонија, пак, загуба на еден поддржувач во процесот за проширување. Очигледно треба да се чујат и забелешките на тие што ценат дека постои дефицит во носење некои политички одлуки за Европа. Во Македонија треба треба да продолжиме да го правиме она што нам ни е во интерес и она што нам ни одговара, да бидеме вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар на светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и за стандард на македонските граѓани во Македонија- изјави Попоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top