| четврток, 6 декември 2018 |

Со музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“ почна „Битола Шекспир-фестивал“

Со музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, синоќа во Битола почна 4. издание на меѓународниот „Битола Шекспир-фестивал“ на кој годинава учествуваат 10 театарски ансамбли од Русија, Србија, Израел, САД, Полска, Турција и од Македонија.

sekspir_4

Фестивалот го отворија актери од Битолскиот и од театарот „Вера Комисаржевскаја“ од Санкт Петербург, кои на посебно подготвена музика од групата „Фолтин“ изведоа перформанси, пееја песни и потсетуваа на сегменти од делата на вечниот Шекспир.

sekspir_1

„Битола Шекспир-фестивал“ вечерва продолжува со изведба на претставата „Перикле“, која ќе ја одиграат актери на „Итака арт центар“ од Инџија и Народен театар – Шабац, Србија.

sekspir_2

„Битола Шекспир фестивал“ почна синоќа, а ќе заврши на 1 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top