Резултатите од британскиот референдум го реафирмираат нашето инсистирање од потребата да се спроведе неопходна демократска дебата за иднината на Европската унија, за јакнење на нејзиното социјално функционирање и демократизација на нејзината структура, за да може да функционира, за да им служи на луѓето во Европа и да биде атрактивна за општествата на земјитечленки.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Атина, се вели во пишаната изјава на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас откако беа објавени резултатите од референдумот во Велика Британија.
-Во принцип, врз основа на развојот на настаните во последните неколку години, а особено во однос на прашањето за бегалците, ја изразуваме нашата загриженост за зголемувањето на тенденциите за фрагментација на Европската унија, и ја нагласуваме потребата за борба против национализмот и екстремистичкото однесување – нагласува Коѕијас. Според него, приоритет за европските раководства треба да биде да се откажат од „размислувања за казни и политики на штедење“ и да негуваат култура на демократски дијалог и консензус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.