| четврток, 6 декември 2018 |

Ќотек наместо пица – штипјанец ги претепал сите гости во пицерија

Сопственикот на кафаната, неговиот син и уште неколку гости кои биле присутни во пицеријата „Верона“ во Штип синоќа околу 23:30 часот, биле претепани од страна на  36 годишниот Ајнур М. .

Откако им упатил добар број на шлаканици на гостите и сопственикот, Ајнур почнал да го крши и инвентарот. Меѓу жртвите кои добиле ќотек од нескротливиот гостин се нашол и полицаец кој вечерта не бил на должност.

Ајнур подоцна вечерта бил уапсен од страна на полицијата. Од таму велат дека Ајнур ќе заработи соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top