| четврток, 6 декември 2018 |

Половина Македонија е дебела

Вкупно 34,7 проценти од децата на оваа возраст имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Дебели се 16,6 отсто од децата. Вредностите, во однос на 2014 година, кога е мерена популацијата на деца на таа возраст, се лесно намалени и кај децата со зголемена телесна тежина и кај тие со определен степен на дебелина

Со Студијата за исхрана на населението во РМ која во 2015 година ја спроведе Институтот за јавно здравје се покажа дека 54,7 проценти од возрасното население во РМ има зголемена телесна тежина или дебелина (62,7 отсто кај мажите и 48,4 отсто кај жените).

„Овие резултати индицираат дека над половина од возрасното население во државата има индекс на телесна маса кој е поврзан со зголемени ризици од незаразни болести и потребна е акција од страна на државата и професионалците од јавното здравје за подобрување на оваа состојба преку популациски базирани акции за промена на навиките во исхраната“, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во вториот квартал од 2015 година биле испитани 3.234 деца од второ одделение од основните училишта во РМ. Резултатите на национално ниво, анализирани според Стандардите за раст на СЗО, ги покажуваат следните карактеристики на нутритивниот статус кај оваа популација на деца:

Кај популациската група на деца од оваа возраст не се забележуваат карактеристики на акутна и на хронична неисхранетост и бројките на таквите деца се ниски и во рамките на претходните години.

Вкупно 34,7 проценти од децата на оваа возраст имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Дебели се 16,6 отсто од децата. Вредностите, во однос на 2014 година, кога е мерена популацијата на деца на таа возраст, се лесно намалени и кај децата со зголемена телесна тежина и кај тие со определен степен на дебелина.

Во третиот квартал од 2015 година испитани се 2.966 деца од петто одделение од основните училишта во РМ, на територијата на секој ЦЈЗ. Резултатите на национално ниво, аналиаирани според Стандардите за раст на СЗО3, ги покажуваат следните карактеристики на нутритивниот статус кај оваа популација на деца:

Кај популациската група на деца од оваа возраст не се забележуваат карактеристики на акутна и на хронична неисхранетост и бројките на таквите деца се ниски и во рамките на претходните години.

Вкупно 39 проценти од децата на оваа возраст имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Дебели се 16,5 проценти од децата, а 2,5 отсто се со екстремен степен на дебелина. Вредностите, во однос на 2014 година, се намалени за околу 4 проценти кај децата со зголемена телесна тежина и дебелина, а околу 2 отсто кај децата со дебелина.

„Оваа популација на деца е индикативна во однос на промените во нутритивниот статус кои се мерливи по детектираната состојба во пониските одделенија. Тоа е и период на почеток на ендокрини промени во младиот организам, особено промени во насока на секундарни полови карактеристики, кои може да влијаат и на навиките во исхраната“, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во четвртиот квартал од 2015 година испитани се 1.170 деца од прва година средно училиште во РМ, на територијата на секој ЦЈЗ. Резултатите на национално ниво, аналиаирани според Стандардите за раст на СЗО4, ги покажуваат следните карактеристики на нутритивниот статус кај оваа популација на деца:

Кај популациската група на деца од оваа возраст не се забележуваат карактеристики на акутна и на хронична неисхранетост и бројките на таквите деца се ниски и во рамките на претходните години.

Вкупно 26,5 отсто од децата на оваа возраст имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Дебели се 7,3 проценти од децата. Вредностите, во однос на 2014 година, се намалени за 2,6 отсто за кај децата со зголемена телесна тежина и дебелина, а зголемени за половина процент кај децата со дебелина.

Во однос на сите други мерени популациски групи на деца, оваа популација е со најмали вредности на зголемена телесна тежина и дебелина и тоа може да биде добар индикатор заради нивната адолесцентна возраст.

„Охрабрувачки би било доколку имаме ваков тренд и кај возрасната популација, над 18 години“, се вели во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top