Американскиот актер Фреди Принц Јуниор на крајот на 90-тите години на минатиот век беше еден од најбараните актерски имиња. Тој беше принцот на романтичните комедии и лице што секоја тинејџерка го имаше на постер.
Принц Јуниор се ожени за колешката Сара Мишел Гелар со која, и по 14 години, денеска сѐ уште е во брак. Откако во 2009 година им се роди ќерката Шарлот Грејс, тој одлучи целосно да го промени својот живот.
– Сакав да бидам татко кој цело време е дома. Сакав на децата секојдневно да им приготвувам појадок и вечера – изјавил Фреди за магазинот „Џи-Кју“.
Списанието пишува дека токму тоа хоби, готвењето, актерот неодамна решил да го направи своја професија.
На почетокот на јуни во продажба излезе и неговиот прв готвач, книгата „Назад во кујната“ (Back to the Kitchen) која содржи 75 рецепти, но и лични приказни од неговото детство и приватниот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.