Според унгарскиот Евреин, ако Британците се одлучат да ја напуштат ЕУ, британската фунта ќе загуби многу повеќе отколку на „Црниот петок“ од пред 24 години. Со најавите дека „Брегзит“ може да направи некои луѓе богати, а најголем дел од граѓаните многу посиромашни, тој алудира на 1992 година кога со берзански шпекулации поврзани со вредноста на фунтата тој заработи една милијарда фунти. Тогашниот премиер Џон Мејџор, под притисок на Сорос, мораше да ја повлече земјата од Европскиот механизам за размена на валути предизвикувајќи го „Црниот петок“ кога беше урната британската берза.
Потсетувајќи на 1992 година кога тој со својата фирма „Квантум фонд“ предизвика девалвација на фунтата од 15 проценти во однос на германската марка, во текст за весникот „Гардијан“ Сорос предвидува дека во случај на „Брегзит“ фунтата ќе загуби над 20 проценти од својата вредност и од сегашните 1,47 долари ќе падне на 1,15 долари. Тоа, според него, ќе доведе до драматично влијание на финансиските пазари, инвестициите, цените и берзата на трудот. Тој не исклучува на ден пред референдумот да биде затворена британската берза, а целиот хаос да донесе пад на вредноста на станбениот простор во земјата. Според него, шпекулативните сили на пазарите сега се многу помоќни од порано и тие ќе сакаат да го искористат хаосот што ќе биде предизвикан со евентуално излегување на кралството од ЕУ.
Целиот текст можете да го прочитате во печатеното издание на неделникот Република, кое излезе од печат на 24 јуни 2о16 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.