| четврток, 6 декември 2018 |

Знаев дека e вистинската уште по првата средба – Метју Мекконахи вљубен во својата сопруга

метју

Актерот Метју Мекконахи (46) е познат по неговите улоги во романтичните холивудски комедии, но се чини дека и неговиот вистински живот е исполнет со чиста романтика.

Актерот во новиот број на списанието „Пипл“, откри дека во неговата сегашна сопруга Камила Алвес се вљубил веднаш и уште по првата средба знаел дека „таа е вистинската“.

Двојката се запозна во 2006 година во еден ноќен клуб во Лос Анџелес, а Метју таа вечер бил излезен со познатиот велосипедист Ленс Армстронг.

–  На првиот состанок излеговме три дена откако се запознавме и веднаш знаев дека таа е вистинската. Еден ден потоа сакав со неа на уште една средба. Веќе девет години сакам да сум само со неа и со никоја друга – откри вљубениот актер, кој се сеќава и што се му минало низ главата кога ја видел убавата манекенка.

– Додека се обидував да го привлечам нејзиниото внимание, низ главата ми помина дека тоа е жената чие внимание сакам да го привлечам. Тогаш решив да станам од столицата и да одам до неа- се присети Метју,

Двојката на почетокот имала проблеми со јазичната бариера, имајќи пред вид дека дека Камила е Бразилка, но сепак преовладал јазикот на љубовта.

Метју и Камила се венчаа во 2012 година, а денес имаат три деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top