Бродовите и возовите во Грција денеска нема да сообраќајот, поради штрајк на вработени во поморскиот и железничкиот сообраќај.
Вработените во компаниите во овие сектори ќе учествуваат во 24 часовен штрајк, објавен за 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот од двата најголеми синдикати во земјата – на вработените во приватниот сектор ГСЕЕ и во државниот сектор АДЕДИ.
За денеска е планиран и протест пред зградата на Парламентот од прокуминистичкиот синдикат ПАМЕ. Фериботните компании поради празниците планираат вонредни маршрути и измени на часовите на сообраќање со цел да ги опслужат патниците за време на првомајските и велигденските празници.
Патниците, кои имаат билети за бродови до островите за 1 мај, се повикуваат да се поврзат со туристички агенти, а со железничката компанија треба да се консултираат патниците кои имаат билети за воз.
Проблеми во сообраќајот ќе има во Атина, со оглед на тоа што автобусите и тролејбусите ќе се движат од девет до 21 часот, по што ќе се вклучат во штрајкот. Метрото почнува со работа во девет часот, но нема да сообраќа до меѓународниот аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.