| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува бројот на читатели во Македонија

Од статистичките податоци во изминативе години изразен е зголемениот бројот на читатели во нашата држава, а радува податокот што сè повеќе млади луѓе ги посетуваат книжарниците и сакаат да имаат книга повеќе во своите домашни библиотеки.

book-kniga-intervju-dobra-03 (1)

-За сите нас кои се занимаваме со издаваштво и на кои книгата е наше секојдневие и љубов, треба да нè радува податокот што секојдневно, од ден во ден, од година во година, бројот на читатели се зголемува, а нашата радост е уште поголема кога ги гледаш илјадниците млади луѓе како уживаат низ полиците во книжарниците ширум Македонија, истакнува Дејан Павлевски од „Матица македонска“.

8

Меѓу другото, од резултатите на анкетата, читателите и членовите на Клубот својот летен одмор го користат да прочитаат повеќе од четири книги, а на прашањето како одлучуваат која книга да ја прочитаат, убедливи 82% одговориле дека тоа е по препорака на пријател. Финално и сосема интересно, на прашањето колку книги читате во една календарска година, 84% одговориле помеѓу 7 и 10 книги. Од ова може да се заклучи дека македонскиот читател своето слободно време од летниот одмор го користи како период во кој најмногу се дружи со книгата.

logo leto

Во текот на летото на Булеварот на Книгите ќе се организираат мноштво настани со нови наслови, подароците и дополнителните попусти за членовите на Клубот ќе бидат секојдневие во периодот што следува. Мноштво нови наслови од кои би ги одвоиле „Куќата на орхидеите“ на Лусинда Рајли, „Другиот син“ продолжение на култниот скандинавски трилер „Андалузискиот пријател“, „Ученикот“ на Хјорт Росенфелд, „Онаму каде што припаѓаме“ на Емили Гифин, најновото дело на Ларс Кеплер „Ѓаволот дојде по своето“ , францускиот хит „Без тебе“ итн.

Се разбира, востановената практика за афирмација и промоција на млади македонски автори и ова лето нема да изостане. Со промоцијата на најновотот остварување на вонсериски талентираната Ксенија Николова „Макар уште еднаш“ и подготовките за летна промоција на најновиот роман на, како што веќе го нарекуваат „македонскиот Албахари“ Јован Илиевски, Клубот Матица остава значителен простор во својата програма.

-Ваквиот начин на комуникација автор-читател ги потврдува нашите ставови дека во Македонија има млади, талентирани автори кои знаат да направат светска приказна, а македонските читатели знаат да го препознаат тоа, велат од Матица.

Читателите и членовите на Клубот ќе ја имаат можноста од прва рака на полиците да се запознаат и со најновата програма и остварувања на Делфи, Лагуна, Вулкан, Орион и Парагон со повеќе од илјада нови наслови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top