| четврток, 6 декември 2018 |

Булеварот „Србија“ затворен за сообраќај

Од 10.30 до 15 часот, денес, на крак од булевар „Србија” ќе има целосен прекин на сообраќајот, известуваат од градот Скопје.

Имено на кракот кај приодот од фабрика „Усје” кон крстосница со булевар „Борис Трајковски” (поранешна „Првомајска”), ќе биде прекинат сообраќајот, а ќе биде пренасочен по стариот крак на излез од фабриката „Усје” кон крстосницата со булевар „Борис Трајковски”.

Прекинот на сообраќајот ќе трае во период од 10.30 до 15 часот.

За време на изменетиот режим на сообраќај, се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим и да ја почитуваат поставената сигнализација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top