| четврток, 6 декември 2018 |

„Баскерфест“ денеска во Карпош

Граѓаните на Карпош ќе можат да ги погледнат атрактивните баскер точки на жонглери, магионичари, кловнови, вечерва, 23 јуни, во трговскиот центар „Лептокарија“.

Програмата почнува во 19 и ќе трае до 22 часот.

Публиката ќе ужива во јапонската магија на Перформер Монк, светскиот шампион на 12-метарски моноцикл – Унипро Шоу, бразилскиот мајстор на илузијата – Диого Алварез, атрактивното огнено дуо – Мајсторот и Маргарита и многу други. Бидете и вие дел од уличниот театар под отворено небо, кој веќе традиционално единаесет години по ред шири насмевки во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top