Утрово започна историскиот референдум на кој Британците гласаат за останување или напуштање на ЕУ. Денеска во 7 часот наутро по локално време беа отворени 41 илјада гласачки места, а право на глас имаат 45 милиони луѓе. Референдумското прашање е едноставно „Треба ли Обединетото Кралство да остане член на Европската унија?“.
Се очекува одѕивот да биде меѓу 60 и 80 отсто, што значи дека на гласање би можело да излезат од 27 до 36 милиони гласачи. Гласачките места ќе бидат затворени во 22 часот, а потоа веднаш ќе започне броењето. Првите резултати се очекуваат околу полноќ. Првите индиции за тоа каде ќе се разбуди утре Велика Бртитанија, внатре или надовр од ЕУ, можни се околу 12.30 часот, а во 5 часот изутрина би требало да бидат обработени 80 отсто од гласовите.
Brexit timetable …. result should be known in the early hours of 24 June pic.twitter.com/rIjKFFKyTp
— ISEC (@Independent_Sec) June 23, 2016
Официјалните резлтатити ќе бидат објавени најверојатно утре наутро во гладското собрание на Манчестер, каде што е седиштето на Изборната комисија.
Вчера беа спорведени псоледните анкети според кои блага предност имаат поддржувачите на евроското семејство. Од четири анкети, во само една предноста беше на страната на поддржувачите на напуштањето и тоа за минимален еден отсто. Затоа, многу е тешкод а се предвиди како ќе заврши референдумот.
Polls open in #Brexit referendum https://t.co/0MHGSim8kZ pic.twitter.com/XYIk3uYpIW
— POLITICO Europe (@POLITICOEurope) June 23, 2016
На кратко, гласањето претставува борба на национализмот наспроти мултикултурализмот и суверенитетот наспроти федералниот концепт вотурбулентен период за Европа која е на удар на мигрантската криза, тема која во Велика Британија e актуелна од 1961 година кога во државата имало 418 илјади лица од друго етничко потекло, додека а моментално тој број изнесува 8 милиони лица.
Не е исклучена и можноста оваа опасна референдумска игра да е уште еден итар политички маневар со кој Велика Британија, всушност, сака да избоксува подобра позиција во ЕУ, што не е незамисливо ако се земе предвид традиционалниот однос на Велика Британија кон Брисел и нејзината желба да има специјален статус во Унијата каков што имаше и досега.
Во 1973 година Велика Британија станува членка на Европската економска заедница (ЕЕЗ), а две години подоцна, на 5 јуни 1975 година, лабуристичката влада на Харолд Вилсон, која ги добива изборите со платформа за преговори за новите услови за британското членство во ЕЕЗ, организира референдум за останување во претходниот на ЕУ.
Остриот однос на Велика Британија кон Брисел се забележува и во периодот на владеењето на Маргарет Тачер од 1979 до 1990 година. Оваа политика кулминира токму во 90-тите години со појавата на ултраконзервативната партија УКИП на Најџел Фараж, која на изборите за европарламентот во 2004 година беше на трето место и освои 12 парламентарци додека во 2014 година го освои првото место и со 26,6 отсто од гласовите освои најмногу пратеници во Европскиот парламент кои се евроскептици. Неизвесноста на резултатите на референдумот се гледа и во рамномерната поделба меѓу политичката и бизнис-елитата во државата, како и меѓу граѓаните кои на анкетите покажуваат многу балансирани ставови за и против излез од ЕУ.
Така, британскиот премиер Дејвид Камерон во последното обраќање до домашната јавност им порача на Британците да „мислат на своите деца пред да се определат како ќе гласаат“, сугерирајќи дека Велика Британија не треба да ја напушти Унијата, додека поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, смета дека Велика Британија треба да ја напушти Унијата поради тоа што 350 милиони фунти неделно се одливаат од британскиот буџет во Брисел. И додека Британците гласат, светот расправа за последиците од евентуалниот Брегзит.
Имено, според некои тврдења, овој референдум може да ги поттикне и другите држави да организираат референдуми за останување во ЕУ. Така, лидерката на францускиот екстремно десничарски Национален фронт (ФН), Марин Ле Пен, ја нарече ЕУ „тоталитарна“ и побара во секоја земја-членка на Унијата да се организира референдум, со што се доведува во прашање опстанокот на ЕУ, по што може да следува и редифинирање на договорите меѓу државите и Унијата.
Неодамна, на оваа тема говореше и светски познатиот берзантски шпекулант и милијардер, Џорџ Сорос, кој изјави дека Русија се воздигнува додека Европската Унија се урива, што значи дека евентуалниот колапс на ЕУ би му помогнал на Владимир Путин да ја задржи власта во Русија, оти со распадот на Унијата би исчезнале барем дел од санкциите против Федерацијата. Во секој случај, се работи за голем тест за кохезијата на ЕУ, кој, всушност, подразбира гласање за националниот или наднационалниот елемент за одлучување на Унијата.
Како и да е евентуалното излегување на оваа економска сила од европското семејство, несомнено ќе биде шок не само за европската, туку и за светската економија. Токму затоа, оваа земја чии жители гласаат за или против Унијата, денеска практично е центар на светот. Економските аналитичари се поеделени: едни сметаат дека британското збогум на Унијата громогласно ќе одекне и ќе предизвика економски и фионаниски потреси во светската економија, други пак, дека тој негативен ефект не е реален, туку повеќе се користи за да се формира јавно мислење против излегувањето од Унијата.
Како ќе влијае одлуката на Британците врз Македонија?
Доколку сепак се почувствуваат ефекти врз европската економија, каде е тука Македонија? Експертите сметаат дека нема место за паника и дека кај нас последиците од евентуалните негативни ефекти врз економијата на ЕУ би се почувствувале индиректно. Имено, ако трпи економијата на ЕУ, тогаш Македонија тоа би го почувствувала преку пад на нарачките, што пак лошо би се одразило на извозносто салдо на државата, зашто токму Унијата е најголем трговски партнер на Македонија. Не би имало директно британско влијание, зашто таа земја не е наш голем трговски партнер, ниту пак некој позначаен инвеститор.
Сепак и посоченото индиректно влијание, сметаат аналитичарите во актуелниот миг би се почувствувало посилно, поради политичката криза низ која минува државава, а која веќе се одразува на економијата. Дека влијанието од Брегзит може да биде само индиректно, преку влијанието врз светската и особено врз економијата на ЕУ, смета и гувернерот на Народна банка на Македонија Димитар Богов.
– Ефектите би се почувствувале преку извозната побарувачка, вели тој.
На истата линија се и домашните аналитичари. Тие се единствени околу ставот дека не треба да се очекуваат некои позначајни влијанија за Македонија од потенцијалното излегување на Обединетото Кралство од ЕУ, пред се затоа што нашата трговија и финансиски врски со Британија не се доминантни во нашите надворешни односи. Индиректно, пак би се почувствувало нешто ако потрес доживее самата Европска унија, а притоа настрада нејзината економија.
Исто така, се оценува дека “Бергзитот” би довел до зајакнување на водечките валути, со исклучок на еврото, чија вредност би паднала, а познато е дека најголем дел од македонскиот извоз и увоз е токму во таа валута.
Статистичките податоци и податоците на НБРМ покажуваат дека во 2014 година во Македонија директни инвестиции од Велика Британија во вкупна вредност од 39 милиони евра. Лани, пак, од Македонија се одлеале над 45 милиони евра во Британија. Во првиот квартал од годинава салдото на инвестиции од таа земја е прескромно и изнесува само 1,8 милиони евра.
Во делот на трговската размена, Велика Британија е втор европски партнер на Македонија, по Германија. Но, додека со Германија имаме суфицит во размената, со Велика Британија имаме дефицит и тоа голем. Од вкупната тразмена на стоки и услуги од 228 милиони евра регистрирани во првите четири месеци од годинава, Државниот завод за статистика посочува дека извоз од Македонија се само 18 милиони евра. Увозот од таа земја, пак изнесува 210 милиони.
Велика Британија, сепак е важен трговски партнер на економски најјаките земји во Европската унија. Оттука и отворените повици на шефовите на тие држави, каио Германија и Франција Унијата да остане компелтна.
Меѓународниот монетарен фонд оценува дека Брегзит би имал лошо влијание врз останатиот дел од светот.
– Излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе има негативно влијание врз британската економија, која во најлош случај може следната година да се соочи со рецесија, предупреди оваа меѓународна финансиска организација.
Генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард ги повика Британците да гласаат за останување во Унијата, истакнувајќи ги цврстите британски врски со Европа и зголемената трговија како резултат на членството.
Кралицата Елизабета: Дајте ми три причини зошто да останеме во ЕУ?
Поддршката за Брегзит сега е поголема во споредба со минатиот месец и останува уште еден ден до гласањето. Кралицата Елизабета Втора ги праша своите гости за време на вечера да кажат три добри причини зошто Велика Британија треба да е дел од Европа. Елизабета Втора и кралското семејство никогаш не ги кажуваат своите позиции за прашања поврзани со избори во земјата. Иако Уставот на Велика Британија не забранува гласање на кралското семејство, тоа се смета за неуставно.
Фунтата и акциите ќе паднат, а златото ќе поскапи
Светските економски аналитичари сметаат дека цената на „Бегзит” ќе ја платат глобалните финансиски пазари. Според Адмирал маркетс, големите и наглите варирања на вредноста на британската фунта, акциите и златото, до кои веројатно ќе дојде, претставуваат добра можност за заработка, но и голем ризик.
Ако првите резултати покажат дека мнозинството Британци гласале за напуштање на ЕУ, ќе дојде до екстремни движења на финансиските пазари.
Фунтата веројатно за неколку часа ќе ослабе за пет до 10 отсто во однос на сите останати најважни светски валути, а акциите на британските компании веројатно ќе паднат уште повеќе. Еврото исто така ќе ослабе барем неколку проценти. Валутите кои имаат силен статус во несигурни времиња, како што се американскиот долар, швајцарскиот франк и јапонскиот јен, нагло би зајакнале во однос на другите валути, а посебно во однос на британската фунта. Цената на златото исто така нагло ќе скокне, можеби дури и за 10 отсто во текот на денот.
Но, по почетната паника и екстремно големите варирања, во следните денови би дошло до смирување на финансиските пазари и стабилизација на курсот на валутите и цените на останатите финансиски инструменти на веројатно нешто понормални нивоа од тие кои ќе бидат достигнати во четвртокот вечерта ако дојде до Брегзит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.