Во текот на денешниот ден се очекува највисока температура досега во оваа година која ќе се движи од 28 до 34 степени .
За западните региони се предвидува зголемување на облачноста а ќе има и услови за краткотраен локален дожд со грмежи. Утринската температура ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени, а дневната ќе се искачи до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топло со мала облачност, а кон крајот на денот и се очекува умерена облачност. Утринската температура ќе биде околу 12-тиот степен, а дневната ќе се искачи до 32 степени.
Од министерството прогласија дека Македонија се наоѓа во жолта алертна фаза и апелираат изложеноста на сонце да ја избегнуваат постарите, болните, бремените жени и децата, избегнување на подолг престој на отворено од 11 до 16 часот, како и носење лесна облека и пиење повеќе вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


