Најголемата бајкерска група од Русија „Ноќни волци“, која помеѓу останатото е позната и по пријателството со рускиот претседател Владимир Путин, ја почнува својата турнеја под името „Словенски свет 2016“ во рамки на која ќе ја посетат и Македонија.
Во маршот кој го нарекуваат и „јакнење на дијалогот помеѓу словенските народи“ ќе посетат 12 земји, меѓу кои и Србија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.
Генералниот шеф на руската мото туристичка организација Евгениј Стронгов појаснил дека турнејата се планира во наредните шест месеци, со цел јакнење на соработката меѓу Русија и земјите од словенско потекло.
-Сакаме да ги поврземе православните земји од словенскиот свет. На Балканот ја имаме Србија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и мислам дека таму може да се чувствуваме како дома, рекол за бугарското национално радио Строгов.
„Ноќните волци“ инаку ги предводи Александар Залдонстанов, кој го викаат „Хирург“, а бајкерската група постои од 1980 година, кога е основан како клуб на љубители на мотоцикли и рокенрол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Моторџиите од клубот „Ноќни Волци“ возат низ цела Америка од исток до запад! (галерија)
-
Мотоциклистите гневни на Шилегов за одлуката за паркинг на мотори – утре ќе протестираат
-
МВР во акција против дивите трки со мотори низ Скопје: 46 сообраќајни прекршоци и задржани 10 моторцикли
-
Комити се подготвуваат за 30 – годишниот јубилеј: Во петок на дефиле низ Скопје со Ноќни волци, главната прослава во недела