| четврток, 6 декември 2018 |

Еве што рече момчето кое и плати паркинг на непознатата девојка…

Белграѓанин чиј убав гест на многумина им го разубави денот, затоа што уплатил на непозното девојче паркинг за да не биде казнета од контролорот.

-Искрено не знам што би изјавил. Мојот чин е неважен, тоа е некое мое убедување затоа што не поднесувам концепт на „киднапирања“ на јавен простор кој таму некои го испарцелисале во паркинг зона и наплатуваат на возачите наместо да се развива сообраќајната инфраструктура и да се тргне во правец на одрлживи еколошки прифатливи видови на транспорт (повеќе велосипедисти, патеки, метроа и слично) објаснил Белграѓанинот В.Р. кој инсистираше на анонимност, затоа што, како што вели, не ги прави ваквите работи за после тоа за нив да се зборува.

-Јас постојано правам вакви работи, само што од утрово ете некако овој чин стигна до медиумите. Во суштина не сум важен во целава приказна. Гестот нека биде тоа што е важно на крајот на целата оваа приказна, и поради тоа не сакам да се појавувам со лик и со име, објасни фантастичното момче со ведар дух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top