| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хрватска капучино 4.75 евра, пица 12 евра

Весникот „Слободна Далмација“ пренесува како во просек се движат цените во рестораните во туристичките места на Јадранот, почнувајќи од Дубровник, па до Ровињ.

Појадок со две пржени јајца и малку шунка – 110 куни (15 eвра)

Пица – 90 куни (12 евра)

Салата со туна – 115 куни (15.30 евра)

Порција мешана скара – 120 до 150 куни (16 до 20 евра)

Капучино – 35 куни (4.70 евра)

Нескафе – 40 куни (5.30 евра)

Точено пиво 200 мл – 18 куни (2.40 евра)

Домашно вино чаша – 35 куни (4.70 евра)

Весникот пишува дека не треба да ве чуди ако до пред месец дена сте плаќале двојно помала цена во истите места, бидејќи во некои ресторани, кафулиња, слаткарници и сл., има и до 300 отсто поскапени цени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top