1. Продуцентската куќа прво сакала да ангажира некоја помлада актерка, но не можеле да најдат соодветна. Мајката на Клинт Иствуд ја предложила Мерил Стрип која тогаш имала 46 години.
2. Мерил Стрип за улогата се здебелила околу 10 килограми за да наликува на домаќинка на средни години, улогата која ја толкува во филмот.
3. За главната улога Франческа Џонсон се натпреварувале Џесика Ланг, Изабела Росалини и Кетрин Денев, која во вистинскиот живот била поранешна љубовница на Клинт Иствуд.
4. Фармата во Винтерсет во американската сојузна држава Ајова на која е снимен филмот била запуштена повеќе од 30 години пред да ја рестраврира дизајнерката Џанин Опенвал.
5. Роберт Редфорд требало да го режира филмот и да се појави во главанта машка улога – фотографот Роберт Кинцид.
6. Книгата „Мостовите во областа Медисон“ по која е снимен филмот е напишана за 11 дена. Авторот Роберт Џејмс Волер го напиша ракопсот како подарок за членовите на семејството. Тие, откако ја прочитле книгата му советувале да си најде издавач. Книгата стана бестселер.
7. Девојката на режисерот Френсис Фишер сакала да работи на филмот само за да биде во близина на Мерил Стрип која многу ја ценела. Клинт Иствуд и ветил дека ќе ја запознае, но кога се појавила на сетот, Мерил веќе си заминала дома бидејќи ги снимила сите сцени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура