| четврток, 6 декември 2018 |

Втора железничка несреќа во Велес за еден ден- истиот воз удри сканија, па прегази човек

Воз на Македонски железници кој денеска сообраќал на линија Скопје- Битола – Скопје денеска учествуваше во две несреќи. Откако утрово удри во сканија кај велешко Превалец, попладнето околу 18.15 часот прегази човек исто така во Велес.

Возот кој сообраќал на релација Битола- Скопје удрил во 28 годишниот Марко С. кој седел на шините, соопштија од велешката полиција за Република. Полицијата врши увид и ги истражува причините за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top