Семејството и пријателите на починатиот актер Милорад Мандиќ Манда секој ден го посетуваат неговиот гроб. Неговата сопруга Анастасија, неколку ден по погребот, видно вознемирена, ги дочекувала сите кои доаѓале да му оддадат почит на големиот глумец. Таа се присетувала на убавите моменти минати со својот сопруг, но била свесна дека мора да остане силна покрај својот син Андрија.
– Само заради детето ќе ја соблечам црнината и ќе се вратам на работа, им рекла таа на своите пријатели и роднини на гробиштата низ солзи.
За потсетување, Манда почина на сцената во театарот Вуќ Караџиќ, за време на претставата Петар Пан додека во публиката имаше голем број на деца и членови на неговото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Манда ми умре на раце, мислев дека импровизира-посведочи негов колега
-
Нему Манда му умре на раце: Двајцата паднавме од бродот, мислев дека импровизира на сцена
-
Сопругата на Манда: Минаа пет болни месеци без него, синот Андреја ми е најголема поддршка
-
Срам и неверување на 40-дневниот помен на актерот Манда