| четврток, 6 декември 2018 |

Манда ми умре на раце, мислев дека импровизира-посведочи негов колега

Легендарниот српски глумец, Милорад Мандиќ – Манда почина на 15 јуни минатата година за време на премиерата на претставата „Петар Пан“. Откако му се слошило, паднал на сцената, а смртта настапила за кратко. Со него на сцената бил актерот Душан Матеиќ (25), кој скоро една година подоцна раскажал за трагичната случка.

– Манда го играше Капетан Кука, а јас неговиот помошник Смија. На почетокoт на претставата, Манда ми падна на раце, по што ние заедно паднавме од бродот. Мислев дека импровизира на сцената, не помислив дека доживува срцев удар. Истата вечер играв претстава во Народниот театар. Во главата ми беше хаос, бев збунет, помалку отсутен и уште гледав на сето тоа што се случи со неверување. Ова е многу убава професија, но и многу сурова- изјавил Матеиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top