Кандидатот на републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп, ќе ја потопи американската економија во рецесија и несовесно ќе им наштети на работниците кои сé уште се обидуваат да се опорават од економската криза од 2008 година, предупреди кандидатката на демократите, Хилари Клинтон.
– Секој ден гледаме колку e неразумен Трамп. Тој се гордее со тоа. Па, тоа си е негов избор. Освен кога сака да ни стане претседател. Тогаш веќе станува наш избор – рече Клинтон во важната за изборите, држава Охајо.
Клинтон изјави дека Трамп е премногу темпераментен, за да ја раководи економијата и даде многу примери со бизнис неговите одлуки како докази како тој ќе се однесува со малите бизниси и вработените, ако стане претседател, соопштија светските агенции.
– Исто како што не треба да се држи прст на нуклеарното копче, така и не треба да става раце на нашата економија. Напишано е во многу книги за бизнисот, но сите тие завршуваат во 11-та глава – изјави Клинтон, алудирајќи на законот за банкротирањата. Таа го нарече „кралот на задолжувањето“, кој дозволил неговите компаниии да собираат огромни долгови и да прогласат банкрот, оставајќи стотици луѓе без работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.