СДСМ е партијата која затвори 684 фабрики, избрка на улица 200.000 луѓе и граѓаните во очи ги лажеше дека ќе вработи по еден член од секое семејство. СДСМ има НУЛА кредибилитет да зборува за невработеноста, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение го пренесуваме целиот текст, интегрално:
СДСМ нема доблест да ги поздрави повеќето од 150.000 нови работни места поради кои денес имаме рекордно ниско ниво на невработеност од 24,5%, за разлика од 38% невработеност во 2006 која на Македонија и се случи после лагите и грабежите на СДСМ.
За една година преку проектот „Македонија вработува“ се вработија околу 19.000 лица во 10.138 фирми. За време на спроведувањето на проектот од првиот квартал 2015 до првиот квартал годинава невработеноста е намалена за 2,8 проценти.
Проектот наиде на поддршка кај сите битни фактори како што се работодавачите, експертите, синдикатите и најважно – луѓето кои се стекнаа со реални работни места, наместо оние од бајките на Шекеринска и СДСМ.
Многу млади луѓе дојдоа до своето прво работно место благодарение на овој проект. Работа се најде и за оние кои подолго време чекаат, повозрасните граѓани кои многу потешко стапуваат на пазарот на труд. „Македонија вработува“ исто така овозможува вработување на социјално ранливите категории. Овој проект претставува стимул за македонските компании.
Со продолжувањето на проектот се очекуваат нови 20.000 вработувања. Тука е болката на СДСМ. Не може да прифати дека за разлика од нивните неспособни функционери поради кои 200.000 луѓе завршија на улица, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава нови работни места.
СДСМ наместо да го поздрави отворањето нови работни места, се труди со измислици и манипулации да ги омаловажи. Наместо да размислува како да создава, СДСМ постојано и единствено размислува како да уништува, без разлика дали е на власт или во опозиција.
Затоа граѓаните не ни помислуваат да им ја дадат својата доверба на деструктивните лажговци од СДСМ. Кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори, казната ќе им биде доставена на рака десетти пат по ред.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се полни државната администрација – Владата склучи договор за привремени вработување од над 56.000 евра
-
Бројот на работни места во Струга зголемен од 7.500 на 11.500
-
Атанасов: Алаѓозовски продолжува со вработување на партиски кадри на сите нивоа во министерството
-
Стојаноски: Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО?