Во 2011 година во Сомалија умреле околу 260.000 луѓе од глад. Половината од нив биле на возраст од пет години и помлади, се наведува во најновиот извештај на УСАИД објавен вчера.
Организациите кои даваат помош во оваа африканска земја сметаат дека повеќе десетици илјади луѓе умреле сосема само поради тоа што меѓународната заедница бавно реагирала на раните знаци кои сигнализирале дека источна Африка ќе се соочи со глад кон крајот на 2010 година и почетокот на 2011 година.
Ширењето на гладта била помогната од екстремистичката организација Ал Шабаб, кои оневозможувале да се испорача помош во храна во подрачја под нивна контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.